Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард: Целта е да ги победиме следните два натпревари

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување покажа дека може да биде важен дел од тимот во завршницата од претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2029 година.

Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра постигна 26 поени, а придодаде и пет скока и пет асистенции, демонстрирајќи го офанзивниот квалитет и енергијата која може да ја донесе во составот.

Одличната индивидуална партија на Стјуард донесе дополнителен оптимизам во македонскиот табор, каде очекуваат тој да биде еден од главните адути во претстојните дуели и да помогне репрезентацијата да ги оствари зацртаните цели.

„Ова е мое прво искуство во еден национален тим и секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе. Спремен сум да работам со соиграчите и да помогнам во секој посед на топката, секој потег на теренот и секој детал во кошаркарската игра“, порача Стјуард по дебито.

Контролниот дуел со Бугарија беше само подготовка за она што следува. Пред Македонија се последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите – домашниот дуел против Ирска на 2 јули во Скопје, а потоа гостувањето кај Луксембург три дена подоцна.

„Целта е да ги победиме следните два натпревари. Ќе се бориме да го направиме тоа и да бидеме најдобрата верзија на теренот“, додаде Стјуард.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!