Турнири

Уште неколку часови за пријавување на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ – 200.000 денари за првопласираниот

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес до 15 часот можете да ја пријавите вашата екипа за учество на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, турнир на кој првопласираниот тим ќе освои 200.000 денари.

Собери ја екипата и пријави ја на турнир кој ќе има силна конкуренција и многу публика, турнир на кој ќе има многу возбуда и турнир кој важи за еден од подобрите во Истокот на државата.

Турнирот во Конче традиционално ги собира најдобрите екипи од сите делови на Македонија.

Првопласираниот тим ќе освои 200.000 денари, второпласираниот тим ќе освои 100.000 денари, за третопласираниот тим ќе добие парична награда од 50.000 денари, а пак тимот кој ќе заврши на четвртото место ќе добие 20.000 денари.

Котизацијата по екипа изнесува 3.000 денари, а пријавувањето можете да го направите на 070 996 529 и 075 496 023.



Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој турнир како и минатата година, а секоја екипа учесник преку својот спонзор ќе има дополнителна можност за промоција. Затоа, пријавете ја вашата екипа и влезете во битка за првата позиција вредна 200.000 денари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!