Турнири

Во тек се пријавувањата за „Малеш Куп 2026“ во Берово – 130.000 денари за првопласираниот!

Сподели
Сподели

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат дел од вистински спортски спектакл, бидејќи во тек се пријавувањата за учество на традиционалниот турнир „Малеш Куп 2026“ во Берово, кој ќе се одржи во периодот од 17 до 25 јули на теренот кај Старата гимназија во Берово.

Турнирот, кој веќе се етаблира како еден од најдобрите и најпосетени спортски настани во источниот дел на Македонија, и оваа година најавува одлична организација, врвна атмосфера и голема конкуренција меѓу екипите.

Организаторите обезбедија атрактивен награден фонд, при што победникот ќе освои 130.000 денари, второпласираната екипа 70.000 денари, третото место носи 35.000 денари, додека четвртопласираниот тим ќе добие 10.000 денари.

Покрај наградите за најуспешните екипи, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот.

Котизацијата за учество изнесува 6.000 денари по екипа, а поради ограничениот број на учесници, организаторите апелираат заинтересираните екипи навреме да го резервираат своето место. За пријавување и дополнителни информации заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 078 227 062 (Методи).

Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на „Малеш Куп“, продолжувајќи ја успешната соработка која трае уште од самото формирање на турнирот. Од првото издание во 2022 година, кога започна приказната за „Малеш Куп“, нашиот портал е медиумски покровител на овој спортски настан, кој денес со право важи за еден од најдобрите турнири во Источна Македонија.

Секоја вечер ќе имате можност да ги читате деталните извештаи за сите натпревари преку фотографии и видеа, ова е одлична можност за сите екипи и нивните спонзори за дополнителна медиумска промоција.

Соберете ја вашата екипа и бидете дел од уште едно незаборавно издание на „Малеш Куп 2026“ во Берово!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!