Турнири

ФОТО: АСП Пак како брз воз до нова победа, Кафе Бар Слобода со седумка за Топлина

Сподели
Сподели

Нова вечера на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, нови три натпревари, но и нови убедливи победи со многу погодоци.

Екипата на АСП Пак како без конкуренција делува на теренот во Мешеишта, откако на воведниот меч со 7:0 ја торпедираше екипата на Пејачката Софче Македонија.

Вториот меч исто така донесе сигурна победа со шест гола за тимот на Хотел и спа Инекс Олгица, триумфирајќи со 4:2 над Кафе Бар Коко.

Третиот меч донесе слична слика на првиот меч откако Кафе Бар Слобода Кичево со 1:7 славеше над Топлина.

Утрешната програма нуди нови три натпревари. Првиот меч стартува во 20:30 часот – соочување на Охридски бисер Филеви против Компанија Атанасовски.


Еден час подоцна Хотел Тино против Компанија Атанасовски, а во рамки на третиот меч ќе се соочат Компанија Атанасовски против Аце Најдески.

Голем предизвик ќе биде за Компанија Атанасовски со три мечеви во една вечер.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој се одржува во Мешеишта.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!