Вечерва беа одиграни три натпревари на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, а на истите беа постигнати голем број на погодоци за високи победи.
Др. Баткоски вечерта ја отвори со убедлива победа од 7:1 над Етно ресторан Дедо Димо од групата H.
Во мечот од групата F екипата на Екстра Скопско доживеа висок пораз од тимот на Златара Бени Ерол, а сличен резултат имаше и на мечот од групата C каде тимот на Виена Комерц загуби од Дооел Ноче со 2:4.
Утре вечер на програмата ќе биде нови три натпревари. Вечерта се отвара во 20:30 часот со мечот меѓу АСП Пак и екипата на Пејачката Софче Македонија, меч од групата A.

Еден час подоцна се игра мечот од групата B меѓу Хотел и Спа Инекс Олгица против Кафе Бар Коко, а пак од 22:30 часот ќе се одигра мечот меѓу Топлина и Кафе Бар Слобода Кичево од групата A.
Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.