Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“, а хит на вечерта беше екипата на Mason Consulting FZCO, која забележа две убедливи победи.
На првиот меч Mason Consulting FZCO со 9:0 го декласираше составот на Servis Benarta, а пак во вториот меч Servis Benarta загуби од Eko Shar со резултат од 1:4.
Екипата на Mason Consulting FZCO имаше уште една победа откако со 2:0 го доби Eko Shar.
Елиминациите започнуваат на 24 јуни (среда) со мечевите од 1/16-финале.
Во 19:30 часот Ozan Ajaz против Eko Shar, во 20:10 часот Mason Consulting FZCO против Ozxhan Gradba, од 20:50 часот KF Vellazerimi против Пилана Жарко, Десово Градба против Sas Construction во 20:30 часот.
Спортска Мрежа и година е медиумски покровител на овој голем спортски настан.