Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Турнирот во Букурешт беше важен тест пред Европското првенство, задволен сум од девојките

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години остави силен впечаток на меѓународниот турнир „Рисинг старс“, кој се одржа во Букурешт, Романија.

Избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа квалитетни настапи против силна меѓународна конкуренција и остварија две победи – против врсничките селекции на Романија и Молдавија.

Единствениот пораз го претрпеа од домашната селекција на Романија, која настапи со нешто постара генерација, но и покрај тоа македонските кошаркарки покажаа високо ниво на игра и борбеност.

Освоеното второ место претставува уште една потврда за напредокот на оваа генерација, како и за континуираната работа во младинските категории, која носи позитивни резултати и добра основа за предизвиците што следуваат во текот на летото.

„Најпрво сакам да им честитам на моите кошаркарки. Горд сум на оваа група девојки, кои заслужуваат голема почит. Во текот на целиот подготвителен период, како и за време на турнирот, покажаа исклучителна посветеност, работна етика и голема желба за напредок.

Освоеното второ место е награда за нивниот труд, но уште повеќе за начинот на кој се бореа, се поддржуваа меѓусебно и со гордост го носеа дресот на Македонија. Секогаш го даваа својот максимум и токму затоа сум исклучително горд на нив“, вели Петровски.

Турнирот во Букурешт беше важен дел од подготовките и поради фактот што голем дел од оваа генерација ќе биде основата на репрезентацијата која ова лето ќе настапи на Европското првенство за кошаркарки „Под 18“ години во Тулчеа, Романија.

„При селекцијата на овие кошаркарки водевме сметка и за она што ни следува во наредниот период, а тоа е настапот на Европското првенство. Ова беше одлична можност да одиграме три натпревари против квалитетни противници, од кои дел ќе бидат и учесници на Европското првенство.

Факт е дека нашиот национален тим кој ќе игра во Тулчеа во најголем дел ќе биде составен од девојките кои покажаа одлични игри на турнирот во Букурешт. Исто така, факт е дека најверојатно ќе имаме еден од најмладите ростери во конкуренција на репрезентациите кои ќе настапат на тој шампионат.

Но, ја имаме вистинската насока. По заслужениот одмор, за кратко време ќе се вратиме на тренажниот процес, со цел максимално подготвени да ги дочекаме настапите на Европското првенство“, додава селекторот.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во третото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16...

Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Анкара, откако во три сета беше поразена...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација вчера го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Таневски го објави списокот на играчи за завршните натпревари со Црна Гора и Шведска

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави поширокиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!