Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со биланс од три победи и три порази го заврши настапот во Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши настапот во Европската лига 2026 со биланс од три победи и три порази. На последниот турнир во Приштина, нашите одбојкари остварија победа над Косово и претрпеа пораз од Израел, со што го заокружија првиот дел од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2028.

Македонија го отвори турнирот со убедлива победа над домаќинот Косово од 3:0 (25:12, 25:19, 27:25). Избраниците на селекторот Миленкоски доминираа во првите два сета, додека во третиот сет мораа да вложат дополнителни напори за да го скршат отпорот на противникот. Иако Косово имаше предност во завршницата, македонските одбојкари успеаја да израмнат на 23:23 и потоа да ја реализираат првата меч-топка за максимален триумф.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 15 поени, Стојан Илиев додаде 11, а Филип Савовски 8 поени.

Во вториот натпревар Македонија загуби од фаворизираниот Израел со 3:0 (25:19, 25:19, 25:14). Нашите репрезентативци пружија силен отпор во првите два сета и долго време беа резултатски рамноправни, но не успеаја да го нарушат ритамот на противникот. Израел ја потврди својата класа и заслужено стигна до победата.

Никола Ѓоргиев повторно беше прв реализатор со 15 поени. Филип Савовски освои 7, Стојан Илиев 5, а Лука Костиќ и Кристијан Илијев по 3 поени.

Со завршувањето на Европската лига, Македонија го комплетираше првиот репрезентативен предизвик ова лето. Нашата селекција го завршува натпреварувањето на 16. место со девет бодови, ист број како Хрватска и Словачка.

Репрезентативците ќе имаат кратка пауза, а повторно ќе се соберат на 5 август во Крушево, каде ќе започнат подготовките за настапот на Европското првенство 2026 во Софија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Молдавија

Женската репрезентација на Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!