Останати репрезентацииРепрезентација

Стефановски со нов национален рекорд, Трајковски четврти на Балканското првенство во Волос

Сподели
Сподели

Македонскиот атлетски репрезентативец Огнен Стефановски оствари извонреден резултат на Балканското првенство кое се одржува во Волос, Грција, поставувајќи нов национален рекорд во дисциплината десетобој.

Стефановски собра вкупно 7.207 поени, со што го подобри досегашниот македонски рекорд и уште еднаш го потврди својот квалитет како еден од најдобрите повеќебојци во регионот. Во силна конкуренција од најдобрите балкански атлетичари, македонскиот репрезентативец го освои одличното четврто место.

Одличен настап забележа и Андреас Трајковски, кој го освои четвртото место во скок во далечина во исклучително силна конкуренција. Македонскиот репрезентативец до висок пласман стигна со скок од 7.68 метри, резултат кој уште еднаш ја потврдува неговата стабилна форма и континуитет на големите меѓународни натпреварувања. Трајковски во текот на целата сезона бележи одлични резултати и останува еден од најдобрите македонски атлетичари во оваа дисциплина.

Настапите на Стефановски и Трајковски се уште една потврда за напредокот на македонската атлетика и добра најава за претстојните големи натпреварувања на кои ќе ги бранат боите на Македонија.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз ги заврши квалификациите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!