Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки без победа ја завршија Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши настапот во Европската лига 2026 без освоен бод, забележувајќи шест порази во исто толку натпревари.

Во последните два меча од натпреварувањето, одиграни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, македонските одбојкарки беа поразени од селекциите на Хрватска и Словенија со идентични 3:0.

По завршувањето на првата фаза од квалификациите за Европското првенство 2028, Македонија се наоѓа на 24. место во генералниот пласман без освоен бод. Во истата група на екипи со нула бодови се и Грузија, Албанија и Исланд, кои имаат подобар сет и поен-количник.

Во последниот натпревар, Словенија ја оправда фаворитската улога и славеше со 3:0 (25:15, 25:10, 25:10). Македонските репрезентативки најголем отпор пружија во првиот сет, во кој имаа предност од 12:10, но гостинките направија серија за пресврт и сигурно го приведоа сетот во своја корист. До крајот на натпреварот Словенките целосно доминираа и без загубен сет ја завршија лигашката фаза.

Најефикасни во македонскиот состав беа Ана Фасулева со седум и Андротеа Милевска со шест поени.

На отворањето на турнирот во Скопје, Македонија загуби и од Хрватска со 3:0 (25:15, 25:12, 25:15). Во тој натпревар Андротеа Милевска освои седум поени, Љиља Ковачевиќ и Мила Дикова по пет, додека Ива Стојкоска и Ана Фасулева постигнаа по четири поени.

Следниот предизвик за македонската репрезентација ќе бидат Медитеранските игри 2026 во Таранто, Италија. Репрезентативките повторно ќе се соберат на 27 јули во Скопје, кога ќе започнат подготовките за настапот на ова натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!