Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки без победа ја завршија Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го заврши настапот во Европската лига 2026 без освоен бод, забележувајќи шест порази во исто толку натпревари.

Во последните два меча од натпреварувањето, одиграни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, македонските одбојкарки беа поразени од селекциите на Хрватска и Словенија со идентични 3:0.

По завршувањето на првата фаза од квалификациите за Европското првенство 2028, Македонија се наоѓа на 24. место во генералниот пласман без освоен бод. Во истата група на екипи со нула бодови се и Грузија, Албанија и Исланд, кои имаат подобар сет и поен-количник.

Во последниот натпревар, Словенија ја оправда фаворитската улога и славеше со 3:0 (25:15, 25:10, 25:10). Македонските репрезентативки најголем отпор пружија во првиот сет, во кој имаа предност од 12:10, но гостинките направија серија за пресврт и сигурно го приведоа сетот во своја корист. До крајот на натпреварот Словенките целосно доминираа и без загубен сет ја завршија лигашката фаза.

Најефикасни во македонскиот состав беа Ана Фасулева со седум и Андротеа Милевска со шест поени.

На отворањето на турнирот во Скопје, Македонија загуби и од Хрватска со 3:0 (25:15, 25:12, 25:15). Во тој натпревар Андротеа Милевска освои седум поени, Љиља Ковачевиќ и Мила Дикова по пет, додека Ива Стојкоска и Ана Фасулева постигнаа по четири поени.

Следниот предизвик за македонската репрезентација ќе бидат Медитеранските игри 2026 во Таранто, Италија. Репрезентативките повторно ќе се соберат на 27 јули во Скопје, кога ќе започнат подготовките за настапот на ова натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Молдавија

Женската репрезентација на Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!