Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари запишаа пораз од Грција со 3:0 во Европската лига

Сподели
Сподели

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го забележа вториот пораз во Европската лига, откако на гостувањето во Атина беше совладана од селекцијата на Грција со максимални 3:0 во сетови.

Домаќините уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и го добија првиот сет со 25:19. Во вториот сет македонските одбојкари се обидоа да се вратат во натпреварот, но Грците повторно беа подобри и славеа со 25:20. Најголема неизвесност имаше во третиот сет, каде што Македонија пружи силен отпор, но на крајот беше поразена со 25:23.

Најефикасен во редовите на Македонија беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 11 освоени поени, додека Филип Савовски додаде 10 поени.

За македонската репрезентација ова е втор пораз во годинешното издание на Европската лига.

Нашите одбојкари вечерва се враќаат во Скопје, каде ќе ги продолжат подготовките за следните предизвици. Веќе на 19 јуни Македонија ја очекува нов натпревар, против селекцијата на Косово, во рамките на продолжението од Европската лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Многу сум среќен, ова го чекав од дете, сонував за ова многу години!

Македонската А репрезентација вчера го одржа првиот собир во пресрет на новиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Таневски го објави списокот на играчи за завршните натпревари со Црна Гора и Шведска

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, го објави поширокиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!