ФудбалФутсал

Шампионот КМФ Проект ја продолжи соработката со Наум Блажевски и Мирко Соколов

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро и за новата сезона. Тимот од Јосифово официјално ја продолжи соработката со двајца важни членови на составот од минатата сезона – Наум Блажевски и голманот Мирко Соколов.

Во клубот не го кријат задоволството што и двајцата ќе останат дел од проектот кој во изминатата сезона испиша историја. КМФ Проект по вторпат стана шампион на Македонија, а за првпат во своето постоење го освои Купот на Македонија, комплетирајќи ја двојната круна.

Блажевски важи за еден од најсигурните играчи во дефанзивната линија на тимот. Од клубот истакнуваат дека неговата пожртвуваност, дисциплина и тактичка зрелост го прават еден од столбовите на составот.

„Наум Блажевски и наредната сезона дел од КМФ Проект! Кога зборуваме за цврстина, стабилност и сигурност, името на Наум Блажевски секогаш е синоним за се тоа. Еден од столбовите на нашиот бедем, играч кој со својата пожртвуваност, дисциплина и тактичка зрелост носи сигурност во тимот во секој натпревар. Наум не е човек на големи зборови. Неговите дела зборуваат наместо него. Тивок, скромен и секогаш подготвен да го стави тимот пред себе, тој е вистински пример за професионализам и посветеност. Во време кога спортот и футсалот бараат карактер, Наум е токму тоа – играч на кој секогаш можеш да се потпреш“, велат од клубот.

Продолжување на соработката доби и искусниот голман Мирко Соколов, кој и во наредната сезона ќе биде важен дел од шампионскиот состав.

„КМФ Проект со гордост објавува дека и следната сезона продолжува со човекот кој носи мир, баланс и сигурност во тимот. Мирко Соколов е и “човек од соблекувална” — личност кој со своето искуство знае да смири, да поддржи и да биде важна врска помеѓу сите во екипата. Еден од најдобрите голмани кој не секогаш е во прв план, но неговото присуство се чувствува и на терен и надвор од него. Како голман, носи сигурност. Како човек, носи позитивна енергија. Како дел од Проект, носи вредност што секој тим ја посакува“, велат од клубот.

Со задржувањето на Блажевски и Соколов, КМФ Проект испраќа јасна порака дека сака да го задржи победничкиот костур на екипата. Тимот веќе се подготвува за новите предизвици, меѓу кои најголем ќе биде настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, каде шампионот на Македонија ќе се обиде достојно да ја претставува државата на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими се засили со Ѓорѓи Дошев

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен Ѓорѓи Дошев како најново име кое доаѓа во клубот од Чегране....

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Тодоровиќ го скрати списокот, Македонија У18 утре го игра првиот контролен натпревар против Косово

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години продолжува со подготовките за претстојното Европско првенство, а првата проверка ја очекува утревечер против Косово. По...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими се засили со Ѓорѓи Дошев

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен...

Трета лигаФудбал

БВК Коњаре со големо засилување: Иљаз Чилафи доаѓа во амбициозниот третолигаш

Третолигашот БВК Коњаре е решен годинава да гради тим за влез во...

Прва лигаФудбал

Брегалница носи неколку интернационалци – се крои ростерот за новата сезоната

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница активно работи на ангажман на...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими промовираше две нови имиња

Прволигашот Арсими од Чегране претстави две засилувања за новата сезона, се работи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!