Ракомет

Најдобриот стрелец останува во Богданци: Даниел Андоновски ќе го предводи Младост и во Суперлигата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот потврди дека еден од најважните играчи ќе остане дел од составот и во наредниот период.

Станува збор за Даниел Андоновски, кој и во сезоната што следува ќе го носи дресот на Младост. Со своите настапи, борбеност и континуитет, Андоновски беше еден од клучните играчи во тимот кој избори враќање во елитното друштво, а сезоната ја заврши како најдобар стрелец на богданчани.

Неговото останување претставува значајна вест за клубот, кој амбициозно ги подготвува настапите во Супер лигата и сака да изгради конкурентен тим способен да одговори на сите предизвици што ги носи најсилната македонска ракометна конкуренција.

Од клубот истакнуваат дека продолжувањето на соработката е уште еден важен чекор во градењето на стабилен и квалитетен тим за иднината.

„Со големо задоволство објавуваме дека Даниел Андоновски и во следната сезона ќе го носи дресот на РК Младост 1977! Борбеноста, посветеноста и квалитетот што ги покажа на теренот правејки го најдобар стрелец сезонава во нашата екипа се само дел од причините поради кои клубот и Даниел продолжуваат заедно кон нови предизвици. Неговото останување претставува уште еден важен чекор во градењето на тим кој ќе биде подготвен за сите предизвици што ги носи новата сезона во Супер лигата. Веруваме дека најдоброто допрва доаѓа и дека заедно ќе испишеме нови успешни страници во историјата на клубот“, велат од клубот.

Младост минатата сезона избори пласман во Супер лигата совладувајќи ја Струга во баражот, а раководството на клубот веќе започна со задржување на носителите на играта и засилување на ростерот.

Продолжувањето на соработката со најдобриот стрелец Даниел Андоновски е јасен показател дека амбициите на клубот од Богданци остануваат високи и во суперлигашкото друштво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Голем подвиг на Изабела Зајков: Од златен медал до бронза во сениорска конкуренција на Осло Опен 2026 во Норвешка

Иако не успеа да избори место во големото финале, младата македонска БЏЏ натпреварувачка Изабела Зајков уште еднаш покажа дека е меѓу најголемите спортски...

Турнири

ФОТО: Студио 13 со „лото“ триумф, сигурни победи а Аце Најдески и Солар Буилд на „Ресен 2026“

Вечерва беа одиграни три натпревари од втората натпреварувачка вечер на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“. Воведниот меч донесе висока победа од...

Поврзани написи
Ракомет

Младост продолжува да се засилува: Славе Јанковски ново име во суперлигашкиот проект на Богданци

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со...

Ракомет

Младост го претстави првото засилување: Тодор Узунчев пристигнува во Богданци

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, го претстави...

Ракомет

Македонските ракометни тренери на семинар во Струга за лиценцирање за новата сезона

На 13 јуни во спортскиот центар „Тими“ во Струга ќе се одржи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!