Турнири

Отворени пријавите за учество на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“

Сподели
Сподели



Започнаа пријавувањата за учество на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ и оваа година најдобрите екипи од Македонија ќе се соберат на едно место, каде ќе се борат за паричен награден фонд од над 400.000 денари.

Котизацијата по екипа ќе изнесува 3.000 денари, а пријавувањето можете да го направите на 070 996 529 (Горан) и 075 469 023 (Марјан).

Спортска Мрежа и годинава ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, со што секоја екипа која ќе настапи на овој турнир преку свој спонзор/и ќе има можност за дополнителна промоција, што е уште една причина да учествувате на Конче 2026.

Секоја вечер ќе можете да следите детални извештаи за натпреварите од турнирот во Конче, фотографии и видеа од сите натпревари.

И годинава покрај богатите парични награди за првите четири екипи, ќе има и индивидуални награди, како и награди за верната публика преку лотарија.

Спортска Мрежа веќе втора година по ред е медиумски покровител, а Конче уште еднаш потврдува дека спортот има високо место.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!