Ракомет

Познати ривалите на Македонија за Мундијалот во Германија

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација го дозна патот кон втората фаза на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија.

На денешната ждрепка беше одредено националниот тим да настапува во групата Х заедно со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург, во салата „Гетек Арена“.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ги очекува интересен предизвик уште во првата рунда. Исланд важи за еден од најнезгодните европски противници, додека Бахреин во Германија ќе пристигне како актуелен азиски шампион. Јапонија, пак, беше четвртопласирана на последниот континентален шампионат и веќе подолго време бележи напредок на меѓународната сцена.

Пласман меѓу трите најдобри репрезентации во групата ќе значи место во главната рунда. Таму Македонија би се преселила во група со селекциите кои ќе обезбедат продолжение од групата Г, во која се наоѓаат Данска, Словенија, Ангола и САД.

Светскиот шампионат ќе се одржува од 13 до 31 јануари 2027 година, а домаќини ќе бидат шест германски градови – Кил, Магдебург, Минхен, Штутгарт, Келн и Хановер.

Групата Х во која ќе настапува Македонија е сместена во Магдебург, град кој ќе биде една од централните точки на мундијалската ракометна приказна во јануари следната година.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Пелистер Волеј ја задржа својата надеж – Мила Андоновска останува во Битола

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј продолжува да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а раководството обезбеди продолжување на соработката со младата одбојкарка...

Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Погледнете како изгледа реновираната сала „Млаз“ во Богданци

Спортската сала „Млаз“ во Богданци по влезот на Младост во Супер лигата...

Ракомет

ФОТО: Горан Андоновски прозиваше – суперлигашот Младост од Богданци ги започна подготовките

На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе...

Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот...

ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ројевиќ: „Ќе продолжиме да го даваме својот максимум за овој клуб и за овој град“

Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!