Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Гавриловиќ: Мораме да извлечеме поуки од поразите и да го кренеме нивото на игра

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Првиот викенд од годинешното издание на Европската лига 2026 за женската одбојкарска репрезентација на Македонија започна со два порази, од селекциите на Унгарија и Португалија, на турнирот во Порто.

Избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ прикажаа променлив настап, со добри и послаби периоди во играта, но на крајот противничките репрезентации успеаја да ја оправдаат улогата на фаворити и да стигнат до победите.

„Анализирајќи ги двата натпревари кои се зад нас можам да кажам дека сум задоволен од пристапот на одбојкарките на првиот натпревар во Европската лига. Знаевме дека Унгарија е поквалитетен тим од нас, но успеавме да им парираме во повеќето елементи. Ќе го издвојам сервисот со кој успеавме да ја ‘исфрлиме“ од игра една од нивните најдобри играчи. Во финишот на сетовите индивидуалните квалитети на унгарските одбојкарки дојдоа до израз и им донесоа позитивен резултат“, анализира Милош Гавриловиќ и продолжува „Што се однесува до дуелот со Потругалија, не покажавме ни 15 посто од она што го демонстриравме на првиот меч, бидејќи сметам дека можеме да играме егал со Потругалките. Мора да признаам дека тие се многу физички поподготвени од нас, а и не успеавме да го смириме нивниот серви и со тоа беше многу тешко да се организира контра напад. Немавме ниту решение за нивниот блок… Истовремено видовме и дека сме далеку од ривалите и потребно е време и многу работа за да направиме исчекор напред. Факт е дека репрезентативките на противниците играат во сериозни клубови низ Европа и светот и тоа дополнително влијае.“

Македонската делегација вечерва од Порто патува за Аликанте, каде престојниот викенд ќе се одигра вториот турнир од годинешното издание во Евролигата. Покрај домаќинот Шпанија, нашите одбојкарки ќе се соочат и со селекцијата на Азербејџан.

„Од овие два порази мора да извлечеме само поуки и да се потрудиме на престојниот турнир да го кренеме нивото на игра. По рејтинг и по квалитет сите противници кои ги имаме оваа година се подобри, но ние ќе се бориме и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас на секој натпревар. Собираме искуство, растеме и ќе се трудиме да бидеме тврд конкурент за секој“, заклучува селекторот.

На вториот турнир во Аликанте, Македонија првиот меч го игра на 12 јуни од 19:30 часот против домаќинот Шпанија, додека ден подоцна од од 18:30 часот ќе се соочи со Азербејџан

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и со неверојатна реализација се најде во центарот на вниманието во второто...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но дел од нив мораа добро да се испотат за да стигнат...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 15 години поразена од Молдавија

Женската репрезентација на Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!