Останато

Македонската одбојкарска судијка Елеонора Петровска дебитираше во Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Првата македонска одбојкарска судијка со меѓународна ЦЕВ значка, Елеонора Петровска, направи уште еден значаен чекор во својата кариера. На стартот од Европската лига 2026 таа ја доби својата прва номинација за судење натпревари од ова престижно репрезентативно натпреварување.

Петровска беше дел од судискиот тим на турнирот број три, кој се одржа во Струмица, каде што домаќини беа Одбојкарската федерација на Македонија и машката сениорска репрезентација. Со оваа номинација таа уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најперспективните македонски одбојкарски арбитри на меѓународната сцена.

На турнирот во Струмица, Петровска судеше заедно со искусните меѓународни арбитри Александрос Милонакис од Грција, Ерол Акбулут од Турција и Лучиан Настасе од Романија, стекнувајќи дополнително драгоцено искуство на европско ниво.

Македонската судијка го имаше главниот збор на дуелот меѓу Холандија и Луксембург, додека на мечот меѓу Македонија и Луксембург таа беше втор судија.

ФОТО:ОФМ

Петровска пред една година доби статус на ЦЕВ интернационален судија, а во сезоната 2025/2026 имаше неколку делегирања во европските клупски купови, а во април годинава судеше и на квалификации за ЕП У18 мажи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за...

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето...

Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!