Останато

Томас Ван Фрут и Софија Синкевич шампиони на МТП Опен до 14 години

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Изминатата недела на терените на МТП клубот се одржаа натпреварите од МТП Опен 2026 во двете конкуренции за тенисери и тенисерки до 14 години. Турнирот беше од категорија 3.

Кај момчињата триумфираше Томас Ван Фрут од Холандија, кој во финалето го совлада Сами Дамни со 2-0 во сетови. Кај девојчињата победничка беше Софија Синкевич од Украина, која со 2-0 во сетови беше подобра од Марија Гарферт.

Во конкуренцијата на двојки, титулата им припадна на финалистите од машкото финале – Ван Фрут и Дамни, кои уште еднаш потврдија одлична форма. Кај девојчињата, трофејот го освоија Синкевич и Ана Куликовска од Украина.

Од македонските тенисери најдобар резултат постигна Андреј Темов, со пласман во две полуфиналиња – во поединечна конкуренција и во двојки. Кај девојчињата, Деа Крстевска стигна до четвртфиналето во сингл, додека заедно со Ведрана Таневска во двојки исто така беа четвртфиналистки.

Тениските турнири за млади категории во Македонија продолжуваат и оваа недела, со натпреварите од Поинтер Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 16 години.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!