На првото издание на Охрид Куп доаѓа екипата на Ас Јунајтед од Струга. Клуб посветен на развојот на талентирани играчи и постигнување на врвни резултати на национално и меѓународно ниво.
„Нашата мисија е да создадеме тим кој комбинира професионализам, страст и спортска извонредност“, велат од клубот.
Клубот од Струга посветено работи во женскиот и во машкиот фудбал. Ас Јунајтед се натпреварува и во Првата женска фудбалска лига и дал многу во развојот на женскиот фудбал и репрезентација.
„Ас Јунајтед на Охрид Куп доаѓа и носи силно конкуренција, нашите пријатели од Струга ќе бидат дел од првото издание на нашиот турнир“, велат организаторите.
Охрид Куп ќе се одржи во период од 18 до 21 јуни, турнир наменет за генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и генерација 2019.

Секое дете добива медал и маичка, а секој тренер добива тренерки. За секоја екипа обезбедена е медиумска поддршка за цела 2026 година на Спортска Мрежа.