ТурнириФудбал

Шпанскиот гигант Real Betis доаѓа во Македонија: Камп за млади фудбалери во Куманово

Сподели
Сподели

Куманово ова лето ќе стане дел од едно од најпрепознатливите фудбалски имиња во Европа. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié – клуб со повеќе од еден век традиција и редовен учесник на европската сцена – за првпат организира камп во Македонија.

Од 19 до 21 јуни 2026 година, во MM SPORT Евент Центар во Куманово, младите фудбалери ќе имаат можност да тренираат според методологијата на шпанскиот клуб и да стекнат искуство од тренери кои работат според стандардите на Real Betis.

Во центарот на овој проект не е само фудбалот, туку и развојот на детето како личност. Целта е преку спортот да се изградат дисциплина, самодоверба, одговорност и здрави животни навики – вредности кои остануваат и надвор од теренот.

Шпанската фудбалска школа со години претставува пример за успешен развој на млади играчи. Нејзината филозофија се темели на техничка подготвеност, тактичка едукација, физички развој и силен ментален карактер, создавајќи комплетни спортисти подготвени за идните предизвици.

Токму овие принципи се дел од познатата методологија „La Cantera“ на Real Betis, систем кој помогнал во развојот на бројни фудбалери што денес настапуваат во најсилните лиги и национални селекции.

Тренинзите ќе ги реализираат тренери делегирани од Real Betis Foundation во соработка со локални стручни лица, на FIFA-сертифициран терен и во услови кои ги исполнуваат сите безбедносни и медицински стандарди.

Кампот е наменет за деца родени од 2012 до 2019 година, кои сакаат да учат, напредуваат и да ги усвојат вредностите што клубот ги негува со генерации – понизност, напорна работа, почит и посветеност.

Организаторите упатуваат покана до сите деца и родители од Куманово и од цела Македонија да бидат дел од ова уникатно искуство. Бројот на места е ограничен, а интересот за учество постојано расте.

Пријавите се отворени. Контакт и регистрација на:  www.mmsport.mk ,   betiscamp@mmsport.mk  телефон:  +389 78 54 34 84

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!