Турнири

Фудбалската академија Христов доаѓа на Охрид Куп

Сподели
Сподели



На првото издание на Охрид Куп своето учество го потврди фудбалската академија Христов која доаѓа од Струмица.

Се работи за фудбалска академија која е посветена во развојот на младите фудбалски таленти предводени од искусниот фудбалер Оливер Христов. Младите фудбалски јунаци се посветени на секој тренинг, максимално вложување во желбата за успех.

Фудбалската Академија Христов е големи фудбалско семејство во кое има многу почит, дисциплина, желба за успех, а секое дете работи напорно да го оствари својот сон.

„Со учество на силни домашни и меѓународни турнир, Фудбалската Академија Христов има стекнато големо искуство, а на Охрид Куп носи дополнителна конкуренција. Пријателчиња ве чекаме на 18 јуни во преубавиот Охрид, четири дена на другаруваме, да се забавуваме, натпреваруваме и со многу спомени и убави моменти да заминеме дома“, порачуваат организаторите на Охрид Куп.

Инаку, првото издание на Охрид Куп ќе се одржи во период од 18 до 21 јуни, а се опфатени генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019.

Пријавувањето е отворено уште неколку денови, ве очекуваме со вашата екипа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Фудбалската академија Христов доаѓа на Охрид Куп

На првото издание на Охрид Куп своето учество го потврди фудбалската академија Христов која доаѓа од Струмица. Се работи за фудбалска академија која...

Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

Влатко Илиоски ќе го суди бараж мечот меѓу Билјанини Извори и Кочани

Утре на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра бараж натпреварот меѓу Кочани и Билјанини Извори за влез во Првата женска фудбалска лига....

Поврзани написи
Турнири

Последни денови за пријавување на „Охрид Куп 2026“ – обезбедете го вашето место навреме!

Пријавувањето за младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“ влегува во својата завршна...

Турнири

Ултрас Кидс го потврди учеството на Охрид Куп

Фудбалскиот клуб Ултрас Кидс од Струга го потврди учеството на првото издание...

Турнири

Кораби од Дебар го потврди учеството на Охрид Куп

Организаторите на Охрид Куп претставија уште една екипа која го потврдува своето...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!