ИнтервјуМагазинРепрезентацијаФудбалска репрезентација

ИНТЕРВЈУ | Александар Андов: „Просечната возраст на нашата репрезентација е само 20 години, што нè прави една од најмладите, ако не и најмладата сениорска репрезентација во Европа“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Женската А репрезентација на Македонија во Охрид ги започна подготовките за последните два натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство.

Избраничките на селекторот Александар Андов најпрво на 5 јуни ќе гостуваат кај Андора во Ла Вела со почеток од 19:30 часот, а четири дена подоцна во Битола ќе го пречекаат Азербејџан во натпревар кој започнува во 19:00 часот.

Во пресрет на овие важни предизвици, селекторот Александар Андов во разговор за Спортска Мрежа зборуваше за процесот на подмладување на националниот тим, потенцијалот на младата генерација, но и за кадровските проблеми со кои се соочува Македонија пред завршницата од квалификациите.

Андов е еден од најзаслужните за создавањето на нова генерација македонски репрезентативки, а неговата визија е изградба на конкурентна селекција која во иднина ќе биде сериозен фактор на меѓународната сцена.

  • Македонија гради иднина со една од најмладите репрезентации во Европа

Селекторот потенцира дека актуелниот состав е исклучително млад, но истовремено поседува голем потенцијал за напредок во годините што следуваат.

„Просечната возраст на нашата репрезентација е само 20 години, што нè прави една од најмладите, ако не и најмладата сениорска репрезентација во Европа. Во составот од 21 играчки, дури 12 се помлади од 19 години. Од нив, 9 сè уште се активни членови на У-19 селекцијата, а две имаат само 16 години.

Оваа генерација поседува голем потенцијал. Потребни се трпение, континуирана работа и време за развој, но доколку продолжиме во оваа насока, убеден сум дека резултатите ќе дојдат.

Во овој момент искуството и резултатскиот притисок не се на наша страна, но имаме огромна поддршка од Фудбалска федерација на Македонија и од претседателот Масар Омерагиќ. Нашата главна цел беше целосно подмладување на репрезентацијата и создавање долгорочен проект со јасна визија.

Работиме континуирано за овие млади фудбалерки да добијат што повеќе европски натпревари, да го стекнат потребното искуство и постепено да направиме чекор напред. Веруваме во овој процес и во иднината на македонскиот фудбал.“

  • Повреди и суспензии го намалуваат изборот пред дуелите со Андора и Азербејџан

Покрај подмладувањето на составот, Андов се соочува и со сериозни кадровски проблеми пред претстојните натпревари, но нагласува дека репрезентацијата нема намера да бара алиби.

„Имаме четири играчки со по два жолти картони, а дополнително се соочуваме и со проблеми со повреди. Интернационалката Симона Мајер, која настапува за Виљареал, нема да може да помогне на овој собир поради повреда, како и голманката Берна Кабачки.

Тоа значи дека во однос на натпреварот што го одигравме во Битола ќе ни недостигаат седум фудбалерки, што значително го ослабува тимот.

Сепак, нема да бараме изговори. Се подготвуваме максимално и веруваме дека со младата енергија, борбеноста и тимскиот дух можеме да стигнеме до позитивен резултат.“

  • Андов останува доследен на долгорочната визија

И покрај предизвиците, македонската женска репрезентација продолжува по патот на создавање нова генерација фудбалерки кои треба да бидат носители на играта во следните години.

Под водство на Александар Андов, Македонија вложува во младоста, развојот и потребното искуство, а токму натпреварите против Андора и Азербејџан ќе бидат нова можност овие талентирани фудбалерки да покажат дека македонскиот женски фудбал има светла иднина пред себе.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ристески: ,,Го исполнивме тригодишниот план, сега одиме по нови трофеи!“

Историската сезона, крунисана со трофејот во ЕХФ Европскиот куп, ги крена очекувањата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Грузија на стартот од Европското првенство Б-дивизија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз го започна...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Миленкоски го објави поширокиот список за ЕвроВолеј 2026

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација наскоро ќе ги започне подготовките за својот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!