Ракомет

Младост се врати таму каде што припаѓа: Богданци повторно ќе гледа суперлигашки ракомет, Струга испадна во Прва лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Младост од Богданци ја оствари големата цел и обезбеди враќање во македонската Супер лига, откако во бараж натпреварот во Бутел славеше над Струга со 25:22. Со овој триумф, Богданци повторно ќе биде дел од елитното ракометно друштво, додека стружани се селат во Првата ракометна лига.

Во натпревар кој го носеше епитетот „меч на сезоната“, секој погодок имаше огромна тежина, а секоја грешка можеше скапо да чини. По израмнетиот почеток и резултатот 6:6, Младост успеа да се одлепи и да поведе со четири гола разлика, но Струга не се предаде и до паузата ја намали негативата на само еден гол (10:11).

Второто полувреме донесе голема борба. Струга успеа да поведе со 13:12, а потоа се играше гол за гол до резултатот 15:15. Токму тогаш Младост покажа шампионски карактер, ја презеде контролата врз натпреварот и постепено почна да гради предност која на десетина минути пред крајот достигна и шест голови разлика.

Тимот од Богданци мудро ја зачува предноста до последниот судиски свиреж и заслужено го завери камбекот во најсилното ракометно натпреварување во државата по три сезони пауза.

Младост уште еднаш потврди дека е клуб со богата традиција и големо место во македонскиот ракомет. Следната година клубот ќе одбележи 50 години постоење, а по бројот на настапи на европска сцена се наоѓа меѓу најуспешните македонски ракометни колективи.

Посебен белег на овој успех даде и „сино-белата армија“ од Богданци, Гевгелија, Валандово, Дојран и Стојаково. Голем број навивачи допатуваа во Скопје и во текот на целиот натпревар беа ветер во грб на своите миленици. По последниот свиреж следуваше големо славје, а вечерва во Богданци се будат убави спомени и емоции од деновите кога Младост беше препознатливо име и на европската ракометна сцена.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасен кај победникот беше Даниел Андоновски со шест погодоци, додека Диас Гекас и Димитров постигнаа по пет гола. Голем придонес имаше и голманот Живојин Илиќ, кој беше еден од клучните фактори во победата. Кај Струга најрасположени беа Мечкароски и Наум Костов со по пет гола.

Со овој триумф Младост го комплетира списокот на суперлигаши за следната сезона и испрати јасна порака – Богданци повторно е ракометен град од елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!