Организаторите на Охрид Куп претставија уште една екипа која го потврдува своето учество на првото издание од овој турнир. Екипата на Кораби од Дебар доаѓа во градот покрај Охридското Езеро, на турнирот кој носи мото „Секое дете е победник“.
Кораби е клуб кој е посветен во развојот на младите фудбалски таленти, формиран во далечната 1921 година. Клубот располага со млади фудбалери, каде се работи за многу љубов и внимание. Секој нивен тренинг и натпревар е полн со енергија, страст и тимски дух. На секој меч покажуваат цврстина, координација и љубов кон фудбалот, гордо претставувајќи го клубот и градот.
Кораби редовно учествува на домашни и меѓународни турнири каде редовно бележи големи резултати, а по голем резултат доаѓа и на Охрид Куп.
„Нашите другарчиња од Дебар на 18 јуни доаѓаат во Охрид, Кораби ве чекаме на фудбал, забава и другарство“, порачаа организаторите.