Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал го објави поширокиот список: Македонија ги почнува подготовките за Ирска и Луксембург

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари за претстојните натпревари од третиот ФИБА прозорец во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. Покрај домашните репрезентативци, дополнителен повик ќе добијат и натурализираните кошаркари кои ќе бидат во комбинација за настап на овие важни средби.

Македонија во рамките на групата „А“ ќе ги одмери силите со селекциите на Ирска и Луксембург. Првиот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра на домашен терен во Скопје против Ирска, додека гостувањето кај Луксембург е закажано во вториот јулски термин.

Подготовките на националниот тим ќе се реализираат во Скопје, а првиот официјален собир е закажан за 15 јуни во 10:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“.

Во јулскиот ФИБА прозорец, македонските кошаркари ќе имаат можност да направат нов чекор кон следната фаза од квалификацискиот циклус, со два значајни натпревари против Ирска и Луксембург.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

2. Јули – Скопје: Македонија – Ирска

5. Јули  – Луксембург: Луксембург – Македонија

ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – ЈУЛИ 2026

Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија

Андреј Јакимовски – Тренто – Италија

Адем Мекиќ – Задар (Хрватска)

Лејсон Зеќири – Башкими – Косово

Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово

Резарт Мемед – Бора (Косово)

Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД

Павел Иванов – НЦАА – САД

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Виктор Ташовски – ТФТ

Страхил Николов – ТФТ

Стојан Ѓуроски – МКК Куманово

Мухамед Тачи – Чаир 2030

Рубин Стефанов – Ангели

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Никола Бојчев – Кожув

Теодор Симиќ – Кожув

Амар Хот – Маџари

Марко Луканоски – Маџари

Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл

Михаил Наумоски – Феникс 2010

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!