Турнири

Кафе Бар 9 закажа финале со АСП Пак на „Враништа 2026“, Чардак Велгошти против Инекс Олгица за трето место

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ со што се познати екипи кои обезбедија билет за големото финале.

Во првиот полуфинале меч екипата на Чардак Велгошти беше поразена од Кафе Бар 9 со резултат од 5:2, со што тимот на Кафе Бар 9 беше првиот патник во финалето.

Во вториот полуфинален натпревар АСП Пак со 4:3 се провлече во големото финале добивајќи го составот на Инекс Олгица, па така АСП Пак закажа финале против Кафе Бар 9.

Во големото финале ќе се соочат АСП Пак и Кафе Бар 9, а во мечот за третото место ќе играат екипите на Чардак Велгошти и Инекс Олгица.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а битолскиот тим доби засилување на десната бековска позиција со враќањето на...

Прва лигаФудбал

Хаџи-Кимов пред Башкими: Ова е Прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој

Брегалница утре во вечерен термин на Градскиот стадион во Штип ќе го пречека Башкими, кој во градот под Исарот доаѓа во многу лоша...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!