Втора лигаПрва лигаФудбал

Пелистер испадна од Првата лига, раководството поднесува оставки и бара целосна ревизија на работењето

Сподели
Сподели



Фудбалскиот клуб Пелистер доживеа тежок удар, откако денеска го загуби бараж натпреварот против Шкендија Арачиново и го загуби прволигашкиот статус. Битолскиот клуб од следната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, додека Шкендија Арачиново за првпат во својата историја обезбеди пласман во елитното друштво.

Бараж дуелот донесе голема неизвесност. Во регуларниот дел резултатот беше 1:1, по што патникот во Првата лига беше решен по изведувањето пенали. Повеќе присебност покажаа фудбалерите на Шкендија Арачиново, кои славеа во пенал-рулетот и испишаа историски успех.

По поразот и испаѓањето од Првата лига, од ФК Пелистер излегоа со официјално соопштение во кое беше најавено преземање морална одговорност за резултатот.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз и испаѓањето на клубот од Првата македонска фудбалска лига, претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.

Во изминатиот период беа преземени бројни активности и направени значителни напори за зајакнување на клубот и обезбедување на негов опстанок во Првата лига, но очигледно вложеното не беше доволно за постигнување на посакуваните резултати.

Покрај поднесените оставки, досегашната управувачка структура бара да се спроведе и целосна ревизија на досегашното работење на клубот, со цел јавноста да биде ослободена од какви било сомнежи во однос на евентуални злоупотреби на финансиски средства и да се потврди нивното наменско и транспарентно трошење.

Со овој чин се презема одговорност за резултатите, но и се остава простор за темелна анализа на досегашните чекори и носење на нови одлуки, сè во интерес на идниот развој и напредок на ФК Пелистер.“

Со ова соопштение, раководството на битолскиот клуб најави целосно повлекување од функциите, но и иницирање ревизија на работењето на клубот. Во наредниот период се очекува повеќе информации околу идните чекори на Пелистер, кој по неуспешниот бараж ќе мора да започне нова битка за враќање меѓу најдобрите македонски екипи.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!