ФудбалФутсал

Голема победа за Јувентус Серава над фаворитот Проект – Алијевиќ и Мамуд за три бодови!

Сподели
Сподели

Вечерва беше отворено 9. коло од Првата футсал лига на Македонија, а во кое Јувентус Серава запиша важна и голема победа над фаворитот Проект од 1:2 во Велес.

По еден погодок падна во првиот дел со тоа што домаќинот прв поведе во 16. минута преку Николче Стојановски, а потоа Армандо Алијевиќ во 19. минута постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел до самиот финиш траеше неизвесноста околу трите бодови, а во 38. минута Керим Мамуд се покажа како херој за гостинскиот тим откако постигна гол за конечни 1:2 и победа на Јувентус Серава.

Во сабота ќе се одигра дуелот од долниот дел на табелата меѓу Бутел и Кеги Моби, во недела се игра супер-дербито на Шкупи и Форца, а па к Железарец ќе игра против Осогово.


Колото се комплетира дури во среда со Градското дерби во Кавадарци меѓу Клими и Црна Река.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!