Турнири

ФОТО: Тесна победа за Инекс Олгица, Кафе Бар 9 и Чардак Велгошти до големи победи на „Враништа 2026“

Сподели
Сподели



Вечерва пред голем број на публика беа одиграни нови три возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“, публиката одново следеше голем број на погодоци.

Во првиот меч екипата на Кафе бар 9 со резултат од 4:1 славеше над тимот на Термити Битола. Во вториот натпревар беа забележани дури девет погодоци, откако екипата на Чардак Велгошти со 3:6 славеше над Сатеска.

Третиот меч беше и највозбудлив и со тесен резултат, откако Инекс Олгица со 2:1 го доби составот на Екстра Скопско.

Публиката вечерва проследи три одлични натпревари, кои понуди многу погодоци, но имаше и моменти на неизвеност и возбуда.

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од четвртфиналето:

20:00 Инекс Олгица – Охридски бисер Филеви
21:00 Кафе бар 9 – Екстра Скопско
22:00 Чардак Велгошти – Златара Бени и Ерол
23:00 Асп Пак – Никем

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, на кој покрај тоа што има голем број на публика, има возбудливи натпревари, многу пресврти, погодоци и неизвесности до крајот за тоа кој ќе го подигне шампионскиот пехар во Враништа оваа година.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!