Турнири

Поради големиот интерес: „Охрид Куп 2026“ воведува и генерација 2014

Сподели
Сподели

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“ продолжува да привлекува големо внимание кај клубовите и фудбалските школи од регионот. Поради зголемениот интерес и веќе пријавените неколку екипи, организаторите донесоа одлука на турнирот официјално да биде вклучена и генерацијата 2014.

Така, покрај генерациите 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019, на турнирот ќе настапуваат и екипи родени во 2014 година, кои ќе играат во формат 8 + 1.

Од организацијата истакнуваат дека интересот за „Охрид Куп 2026“ од ден на ден расте, а пријавувањето е во полн ек. Токму барањата од повеќе клубови и академии биле главната причина да се прошири програмата и да им се овозможи учество и на генерациите 2014.

„Нашата цел е што повеќе деца да бидат дел од оваа спортска приказна. Среќни сме што интересот е голем и што клубовите препознаваат дека „Охрид Куп“ нуди нешто поразлично – турнир каде децата се во прв план“, велат организаторите.

Турнирот ќе се одржи од 18 до 21 јуни во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“, а покрај натпреварите, учесниците ќе добијат и бројни поволности.

Секое дете ќе добие медал и официјална маичка, додека секоја екипа ќе има бесплатна медиумска поддршка од Спортска Мрежа, преку интервјуа, видео моменти и промоција на клубовите и младите таленти за цела 2026 година. Дополнително, за тренерот се обезбедени тренерки.

„Охрид Куп 2026“ продолжува да ја гради својата препознатлива порака – секое дете е победник.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!