Ракомет

Ројевиќ пред реваншот: „Да ‘стиснеме заби’ уште 60 минути и да го освоиме европскиот пехар!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид вечерва го одигра последниот натпревар од Супер Лигата против Тиквеш, и успеа со победа да го затвори последното коло од домашното првенство.

Веднаш по натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, направи анализа на сезоната пред реванш- финалето во Европскиот Куп и порача дека неговиот тим е подготвен да го даде последниот атом сила во битката за историски трофеј.

ФОТО: ГРК Охрид

Исто така, Ројевиќ истакна дека е задоволен од сработеното сезонава и потенцираше дека тимот одиграл на високо ниво во текот на целата година, со исклучок на неколку натпревари во Супер Лигата кога фокусот веќе бил насочен кон европските предизвици. Според него, одржувањето на формата во тек на десет месеци е огромен успех за оваа екипа.

„Им честитам на моите момци на навистина исклучителната сезона. Можам да кажам дека сум задоволен, освен неколку натпревари- еден или два меча од Супер Лигата не бевме ние вистинските, но тоа беше пред важните европски битки, се гледаше дека со мислите сме таму и тоа се гледаше и на терен. Сè друго одигравме одлично, без никакви киксови во сезоната. Тоа е многу тешко- десет месеци така да се држи формата. Сега нè очекува европско финале, како што кажував и досега- овие момци даваат сè од себе..играме со екипа која е 4 пати поскапа од нас..на првиот меч требаше да биде најмногу 4- 5 гола разлика и пехарот ќе ни беше поблиску, меѓутоа некој поинаку гледаше на работите.“

ФОТО: ГРК Охрид

Стратегот на охриѓани нагласи дека реваншот ќе биде исклучително тежок, особено поради пошироката ротација и искуството на противникот. Сепак, тој верува дека неговите ракометари со поддршка од публиката можат да издржат до крај и да стигнат до европскиот пехар.

„Ќе биде многу тешко и на реваншот, ќе биде тешко финале.. тие се сите преискусни играчи, имаат 8 бекови, а нашата ротација е мала и како натпреварот се придвижува кон крајот, се гледа дека ние го имаме тој проблем. Меѓутоа, ни останаа уште 60 минути да ‘стиснеме заби’ и да го дадеме својот последен атом сила и да успееме да го освоиме тој европски пехар. Публиката секако ќе биде многу важен фактор, а и момците треба да бидат максимално подготвени- и физички и ментално, па да ги издржиме вторите 60 минути од ова финале и на крај сите заедно да се радуваме за успешен крај на оваа историска сезона.“- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид викендов, пред својата публика ќе се обиде да испише историја и да ја круниса фантастичната сезона со европски трофеј, а атмосферата во „Билјанини Извори“ се очекува да биде дополнителен мотив за избраниците на Ројевиќ.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Кошарка

Феникс 2010 и Гостивар не запираат, Вардар и Водно Санс ја минаа „стотката“, драма во Штип за победа на ИБА Скопје!

Четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига донесе убедливи победи, резултатски пресврти и возбудливи натпревари во двете натпреварувачки групи. Феникс 2010 и Гостивар...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!