ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Чардак со триумф над Воска обезбеди пласман во Трета лига – Југозапад

Сподели
Сподели



Екипата на Чардак е нов член на Трета лига – Југозапад, откако денес на главниот стадион на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид славеше минимална, но голема победа од 1:0 против Воска во финалниот натпревар од Општинската фудбалска лига на ФС Охрид.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Мики Стефаноски, кој со својот гол го реши победникот и донесе огромна радост за тимот на Чардак.

Финалниот натпревар понуди неизвесна борба, многу шанси на двете страни и возбудлив фудбал.

Со овој триумф, Чардак обезбеди пласман во Трета лига – Југозапад за следната сезона и ќе има можност да се натпреварува во повисок ранг на македонскиот фудбал.



Натпреварот беше организиран на врвно ниво од страна на ФС Охрид. Инаку, во регуларниот дел на врвот од табелата заврши ГФК Пирамида, а пак во финалниот меч Чардак беше подобар од тимот на Воска.





Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!