Трета лигаФудбал

Санкции мора да има: Две гостински екипи не допатуваа, Трета лига – Исток со само еден одигран меч во последното коло

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели



Во рамки на последното 22. коло на Трета лига – Исток од три натпревари се одиграа само еден, на два натпревари гостинските екипи од Делчево и Берово не се појавија на терен.

Натпреварот во Свети Николе помеѓу Малеш од Берово не се одигра, гостинот не се појави на теренот, додека пак во Валандово не се одигра натпреварот меѓу Победа и Брегалница од Делчево, и тука гостинот не се појави на теренот.

Многу често во „пракса“ има екипи кои во последните кола знаеле да не се појават на теренот и тоа е „пракса“ и во останатите региони од Трета лига, за што дефинитивно ќе треба некои построги санкции за „праксата“ да стане минато. Се поставува прашањето дали ваквата пракса треба и понатаму да се толерира.

Инаку, денес е жална слика кога шампионот на Трета лига – Исток, Победа Валандово наместо да биде поздравен со шпалир од страна на противничката екипа, гостинот не доаѓа на терен, но и во такви околности беше доделен шампионскиот пехар. „Калинкарите“ се подготвуваат за второлигашкиот бараж, нека им е со среќа и со успех.

Брегалница од Делчево вчера прослави еден век постоење, а денес не се појави на натпреварот во Валандово, што остава негативен впечаток во спортската јавност.

Сега Дисциплинската комисија при Трета лига – Исток ќе има работа, а тоа ќе значи и изрекување на санкции кон екипите од Делчево и Берово, веројатно парични, но може да биде и одземање на бодови.



Со оглед на тоа што на полусезона се откажаа Рудар од Пробиштип и Светлост од Зрновци, овој регион од 11 екипи продолжи со девет екипи и во секое коло имаше по неколку слободни екипи, а денес капак на се беше тоа што се одигра само еден натпревар, тој во Пирава меѓу Ударник и Карбинци (1:1), за што Спортска Мрежа објави комплетен извештај.



Во следниот период ќе биде познато каква ќе биде одлуката на Дисциплинската комисија на Трета лига – Исток, а овој случај ќе го следиме, па ќе информираме подетално.

Дефинитивно, ваквата „пракса“ треба да стане минато – која е поентата да има правдање дека „не можеме да допатуваме“, знаејќи дека многу често на такви натпревари нема резултатско значење.

Во рамки на 20. коло Тиверија не допатува во Валандово да го одигра натпреварот со Победа, па беше санкционирана со 250 евра и одземени три бода.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по тешката повреда со која се здоби кон крајот на август. Сега...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се комплетира в недела со четири средби. Познати...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Давид Калпачки успешно опериран, следува долг период на рехабилитација и враќање на фудбалските терени

Фудбалерот на штипска Брегалница, Давид Калпачки, успешно го заврши оперативниот зафат по...

Втора лигаФудбал

Бењамин Ќерими главен во Битола, Крумислав Ѓорѓиев ќе го суди дербито меѓу Работнички и Беласица

Утре со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска...

ФудбалФутсал

Кеги Моби убедлив против СЕЕ Университи, трите бодови во Велес

Кеги Моби триумфираше над СЕЕ Университи и во Велес се враќа со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!