ФудбалЧетврта лига

Напредок ја шокираше Слога во Злеово, Интер Кукла и Огражден убедливи, „кикс“ на Спартмани

Сподели
Сподели



13-тата рунда донесе изненадувања во Општинската фудбалска лига во Струмица, откако „фенерџијата“ Напредок во Радово успеа да ја изненади Слога од Злеово која ја имаше фаворитската улога со триумф од 2:0.

За тимот на Напредок ова е само втора сезонска радост, додека пак Слога го претрпе својот четврт сезонски пораз.

Огражден без проблеми ја оправда фаворитската улога откако со сигурни 0:3 славеше над Дрвош и со тоа трите бодови заминаа во Ново Село.

Следното коло се игра директна дерби пресметка меѓу Огражден и Интер Кукла, триумф и реми му одговара на Огражден за да биде шампион, а за тимот од Куклиш само три бодови е опција за да биде шампион.

Токму Интер Кукла денес со убедливи 6:2 славеше над Единство од Пиперово, враќајќи се на победничките патеки.

Илинден успеа да го изненади фаворитот Спартмани и на негов терен во Балдовци да му земе бод откако одигра 2:2.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ОФЛ СТРУМИЦА:



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската позиција со триумф над најголемиот ривал Еурофарм Пелистер. Во деветтото коло...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа неделниот дел од осмото коло во Третата македонска фудбалска лига –...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа...

Трета лигаФудбал

Пчиња со „осумка“ и хет-трик на Нешевски, Куманово го чува врвот, Академија Осогово до гостински бод

Пчиња 2015 ја забележа најубедливата победа во осмото коло од Третата македонска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!