Турнири

Враништа 2026: Висок пораз за „мечињата“, АСП ПАК ја доби драмата со Хотел Тино, Екстра Скопско „испука петарда“

Сподели
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ започна нокаут фазата со првите три натпревари.

Во првото соочување Златара Бени и Ерол ја декласираа екипата на Гостилница кај Мече со резултат од 10:2, публиката проследи меч со тотална доминација, а „мечињата“ вечерва не беа на ниво на кое сме ги очекува, па на крај мораа да се соочат со висок пораз.

Во вториот меч голема неизвесност и драма – Хотел Тино загуби од фаворитот АСП ПАК во меч со пет гола за конечни 2:3, а публиката проследи далеку понеизвесен меч во однос на првиот.

Третиот меч беше слика на првата средба, овој пат Екстра Скопско со 5:1 го декласираше составот на Сточарска фарма Милески за убедлива победа.

Утре на програмата ќе биде четири натпревари:

20:00 Инекс Олгица – КОВ Охрид
21:00 Дооел Ноче – Термити Битола
22:00 БИ-ЗИ Груп – Агро-рес Ресен
23:00 Сатеска – Демо Пласт

Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на овој спортски настан, кој се одржува во струшко Враништа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!