Младински фудбалФудбал

ФОТО: Младинците на Брера Струмица испишаа историја: Без пораз до шампионска титула и место во Лигата на шампиони!

Сподели
Сподели



Брера Струмица има генерација за гордост! Младинскиот тим на струмичани зад себе остави неверојатна сезона и сосема заслужено ја освои шампионската титула, без ниту еден пораз во текот на целиот шампионат.

Тимот предводен од стратегот Ѓорги Стојчев доминираше во младинската конкуренција и покажа карактер, квалитет и победнички менталитет во текот на целата сезона. Брера Струмица шампионскиот пехар го освои со фантастичен биланс од 29 победи и само едно реми, без ниту еден загубен натпревар.

Бројките доволно зборуваат за доминацијата на струмичани сезонава. Младинците на Брера постигнаа неверојатни 164 голови, а примија само 16, што е уште една потврда дека оваа генерација едноставно немаше конкуренција на домашната сцена.

Со освоената титула, младите фудбалери на Брера Струмица обезбедија и настап во младинската Лига на шампиони, а клубот останува во игра и за освојување на двојната круна оваа сезона.

Во Струмица со право се горди на оваа генерација, која многумина веќе ја гледаат како иднина не само на клубот, туку и на македонскиот фудбал и македонската репрезентација. Станува збор за талентирана и моќна генерација која со своите игри го привлече вниманието на спортската јавност.

Од Брера Струмица истакнуваат дека овој успех е резултат на голема работа, посветеност и тимска атмосфера во целиот клуб.

Шампионскиот пехар на Брера Струмица го додели членот на Управниот одбор на ФФМ, Станко Манчевски.

Во наредниот период, на Спортска Мрежа ќе биде реализирана и специјална спортска емисија посветена на младинските погони на Брера Струмица и талентите кои доаѓаат од клубот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!