Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе голем словенечки талент: Малик Татар потпиша двегодишен договор!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели



Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во битолскиот тим е перспективниот словенечки ракометар Малик Татар.

Станува збор за 20-годишен лев бек, кој со своите квалитети веќе го привлече вниманието на повеќе европски клубови, а битолчани успеаја да го обезбедат неговиот потпис. Татар важи за еден од најталентираните млади словенечки ракометари и играч со сериозна проекција за голема кариера.

Новиот ракометар на „зелено-белите“ е роден во Целје, а својата афирмација ја стекна во редовите на Горење Велење. Зад себе има настапи и за сите младински селекции на словенечката репрезентација, што дополнително говори за неговиот потенцијал и квалитет.

Татар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и официјално ќе биде претставен на стартот од подготовките за сезоната 2025/26.



Со овој трансфер, младиот Словенец стана петто засилување за тимот предводен од Лино Червар, по ангажманите на Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

Битолчани очигледно сериозно го подготвуваат ростерот за новите домашни и европски предизвици, а доаѓањето на Малик Татар претставува инвестиција и за сегашноста и за иднината на клубот.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Враништа 2026: Висок пораз за „мечињата“, АСП ПАК ја доби драмата со Хотел Тино, Екстра Скопско „испука петарда“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ започна нокаут фазата со првите три натпревари. Во првото соочување Златара Бени и Ерол ја...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири го доби пржинското дерби, Јанчева ќе им суди на Тиверија Брера и Ас Јунајтед, Велевачкоска на центарот во Битола

Денес ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 26. коло на Првата женска фудбалска лига, познати се и официјалните лица за сите натпревари. Виолета...

Поврзани написи
Ракомет

Три заминувања од Алкалоид: клубот им се заблагодари на Маркоски, Симоноски и Ивановски

Ракометниот клуб Алкалоид ќе претрпи одредени промени во играчкиот кадар по завршувањето...

Ракомет

„Ова е финале од 120 минути“ – Реј Моралес ја најави битката за европскиот трофеј!

ГРК Охрид во недела (24.05) ќе го започне најважниот двомеч во својата...

Ракомет

„Нема фаворит, трофејот ќе го крене оној со поголема желба“ – Ѓукиќ пред европското финале на Охрид

ГРК Охрид во недела го очекува првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот...

Ракомет

Охрид – Татабања: финалето ќе биде пренесувано во повеќе земји

ГРК Охрид влегува во големото финале од ЕХФ Европскиот Куп, каде што...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!