Втора лигаФудбал

Брегалница добива нов странски сопственик: Ќе имаме вистински партнер

Сподели
Сподели



ФК Брегалница се наоѓа пред голем пресврт во својата клупска историја. Штипскиот клуб, кој денеска по натпреварот против Победа ќе го добие шампионскиот пехар во Втората македонска фудбалска лига и официјално ќе се врати во Првата лига, наскоро би можел да добие и нов странски сопственик.

На вчерашната прес-конференција организирана од клубот, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, потврди дека Општината е во завршна фаза од преговорите со заинтересиран странски инвеститор, кој според најавите доаѓа од Германија и веќе управува со фудбалски клуб.

„Веќе интензивно комуницираме со новиот заинтересираниот спонзор, кој веќе ја има посетено Брегалница, го има посетено Штип. Добро е информиран за состојбите во клубот за играчкиот потенцијал за тоа дека Брегалница е огромен расадник на фудбалери. Комуницираме во насока во носење одлука на следната седница на советот на општина Штип за продажба на 51% од акциите на клубот. Јас верувам дека ова ќе се случи и дека ќе имаме еден вистински партнер кој ќе го трасира патот на Брегалница кон европскиот фудбал. Верувам дека ќе има можност не само играчи од овде да заминат во Европа, туку и европски играчи да играат за Брегалница и практично да имаме европски фудбалски клуб во Штип. Тоа се нашите цели. Сите заеднички комуницираме за да се случи тоа и верувам во оваа дека ќе се заврши како процес на преговори и дека на наредната седница на совет ќе се донесе таа одлука. Но, најпрво тоа кое мораме да го завршиме, наша примарна обврска, а тоа е освојувањето на прво место Втора лига, бидејќи интересот на било кој спонзор е Брегалница да игра Прва лига“, вели првиот човек на Штип, Иван Јорданов.

На прес-конференцијата свое обраќање имаше и шефот на стручниот штаб Влатко Костов, за кого ова ќе биде шеста промоција од Втора во Прва лига. Искусниот стратег претходно обезбедуваше пласман во елитата со Осогово, Куманово, Хоризонт Турново, Пелистер, а ова ќе биде и негов втор успех со Брегалница.

Пред медиумите се обрати и капитенот Стефан Коцев, кој потенцираше дека атмосферата во соблекувалната е одлична во пресрет на последниот меч од сезоната, додека претседателот на клубот Ангел Бојаџиев им честиташе на сите во клубот за враќањето во Првата македонска фудбалска лига.



Штипските „сини“ денеска ќе го прослават враќањето меѓу најдобрите, а воедно се отвора и ново поглавје кое би можело да донесе европски амбиции и сериозен развој на клубот во наредниот период.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

Втора лигаФудбал

Охрид прв, но Работнички има натпревар помалку: Трката за есенски шампион во ВМФЛ е неизвесна

Охрид го задржа првото место, Пелистер остана веднаш зад него, а Работнички...

ИнтернационалциФудбал

Димитриевски ја сочува победата во Елче — пред Валенсија сега е тежок меч со Реал Мадрид

Столе Димитриевски со интервенција во судиското продолжение помогна Валенсија да освои значајни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!