Турнири

Познат распоредот за нокаут фазата на „Враништа 2026“: Од сабота стартуваат елиминациите!

Сподели
Сподели



По завршувањето на возбудливата групна фаза, од сабота официјално започнува нокаут фазата на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“, каде екипите ќе водат голема битка за пласман во следната рунда и продолжување на патот кон шампионскиот пехар.

Љубителите на малиот фудбал и оваа година ќе имаат можност да проследат бројни неизвесни и атрактивни натпревари, а турнирот продолжува со елиминациски дуели во три натпреварувачки дена.

Во сабота (23 мај) ќе се одиграат следните натпревари:

20:00 — Златара Бени и Ерол – Гост. кај Мече
21:00 — Викса Пром – Чикос Алегрес
22:00 — Хотел Тино – АСП-ПАК
23:00 — Екстра Скопско – Сточарска фар. Милески

Во недела (24 мај) програмата продолжува со:

20:00 — Инекс Олгица – КОВ Охрид
21:00 — Дооел Ноче – Термити Битола
22:00 — БИ-ЗИ Груп – Агро-рес Ресен
23:00 — Сатеска – Демо Пласт

Додека пак во понеделник (25 мај) ќе се играат последните натпревари од нокаут фазата:

20:00 — ТОМ-ГОР – Охридски бисер Филеви
21:00 — Кафе бар 9 – Гранит Х
22:00 — Аце Најдески – Јован 2014
23:00 — Чардак Велгошти – Ескобар Волино

По комплетирањето на нокаут фазата ќе бидат формирани четири групи со по три екипи, а двете најдобро пласирани екипи од секоја група ќе обезбедат место во четвртфиналето. Ждрепката за новоформираните групи ќе се одржи веднаш по завршувањето на последниот натпревар од нокаут фазата.

И оваа година Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, а љубителите на спортот ќе имаат можност секоја вечер да читаат детални извештаи, резултати и информации од натпреварите, сè до големото финале на турнирот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!