ФудбалФутсал

Шкупи со голема победа над Осогово во Крива Паланка, хет-трик на Исмет Цека

Сподели
Сподели

Вечерва во Крива Паланка се комплетираше осмото коло на Првата футсал лига, откако Шкупи со 3:7 запиша голема победа над Осогово.

Победа која беше најавена во првиот дел од мечот кога гостинот имаше висока предност од 1:4, а во вториот дел само ја потврди победата.

За домашниот тим стрелци беа Кристија Станојковски, Мартин Тодоровоски и Давид Ристовски. За гостинската екипа Исмет Цека постигна хет-трик, по еден гол имаа Љавдрим Фазлију, Артан Јунизи и Сали Салиевски, а пак Никола Спасовски од домашната екипа си постигна автогол.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Кеги Моби со 5:1 славеше над Железарец, Форца со 2:1 го доби дербито со Проект, Јувентус Серава со 4:8 загуби од Клими, а пак Црна Река и Бутел одиграа 2:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Бутел ја скрои тактиката за европскиот испит во Хрватска!

Ракометарите на Бутел Скопје се подготвени за првиот предизвик во двомечот со Горица од второто коло на ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник во...

Прва лигаФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Скопје и Шкендија, Доне Ристовски главен во Штип, Крумислав Ѓорѓиев во Гостивар

Со мечевите од десеттата рунда се отвара вториот круг од Првата македонска фудбалска лига. Колото се отвара со два мечеви утре, за недела...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Конче инвестира во спортот: Започна изградбата на нова соблекувална на фудбалскиот терен

На фудбалскиот терен во општина Конче започнаа активностите за изградба на нова...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК...

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!