Трета лигаФудбал

Третолигашите на Истокот согласно одлука задолжително мораат да го истакнат знамето на Македонија на стадионите!

Сподели
Сподели

Клубовите кои настапуваат во Третата македонска фудбалска лига – Исток се обврзани, согласно одлуката на комисијата за натпреварување, да го истакнуваат државното знаме на Република Македонија на сите свои натпревари. Оваа мерка беше воведена минатата сезона и продолжува да се применува и во тековната сезона.

На стадионите каде се одигруваат натпревари во Третата лига – Исток, вклучувајќи ги оние во Дојран, Пирава, Турново, Струмица, Свети Николе, Карбинци, Зрновци, Делчево, Берово и Виница, задолжително се истакнува знамето на Македонија.

Минатата сезона, на фудбалските клубови Дојранско Езеро и Тиверија им беше изречена дисциплинска мерка опомена, бидејќи не го истакнале државното знаме на Македонија на домашните натпревари од 11. коло.

Секој клуб кој ќе го прекрши ова правило односно нема да го истакне знамето на Република Македонија на својот натпревар односно на стадионот ќе биде казнет со парична санкција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!