ФудбалЧетврта лига

Куманово подготвено за големото финале: Јуниор и Победа во битка за шампионската титула и пласман во Трета лига – Север

Сподели
Сподели
Љубителите на фудбалот во Куманово утре ќе бидат сведоци на големото финале во Општинската фудбалска лига, каде екипите на Јуниор од Доброшане и Победа ќе се борат за шампионската титула и пласман во Третата македонска фудбалска лига – Север.

Финалниот натпревар ќе се одигра утре (20 мај) на Градскиот стадион во Куманово со почеток од 17 часот, а интересот кај спортската јавност е огромен. Се очекува голема посетеност и вистинска фудбалска атмосфера на трибините за натпреварот кој ќе го одлучи новиот шампион на ОФЛ Куманово.

И Јуниор и Победа зад себе имаат успешна сезона, а сега ќе се обидат истата да ја крунисаат со освојување на шампионскиот пехар и обезбедување пласман во повисок ранг на натпреварување.

Влогот е огромен, мотивацијата на двете екипи е на највисоко ниво, па љубителите на фудбалот во Куманово со нетрпение го очекуваат овој финален дуел кој носи директен билет за Трета лига – Север.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!