Петта лигаФудбалЧетврта лига

Црно Буки ќе биде домаќин на бараж пресметките за опстанок и пласман во А лигата на ОФЛ Битола

Сподели
Сподели

Возбудувањата во Општинската фудбалска лига Битола продолжуваат и по крајот на регуларниот дел, откако в сабота ќе се одиграат бараж натпреварите кои ќе одлучуваат за опстанок и пласман во Општинската А лига.

На стадионот во Црно Буки ќе се водат две големи битки. Екипите на Новаци 2011 и Црна Река ќе се борат за зачувување на својот статус во А лигата, додека Буково и Златни Деца ќе се обидат да обезбедат место во повисокиот ранг.

Во првиот бараж натпревар со почеток од 15 часот, Новаци 2011 ќе се соочи против Златни Деца, додека од 17 часот на теренот ќе излезат Црна Река и Буково.

Новаци 2011 регуларниот дел од сезоната го заврши на седмото место во Општинската А2 лига, додека Црна Река беше седмопласирана на А1 лигата. Од друга страна, Буково сезоната во Б лигата ја заврши на третото место, а Златни Деца беа четвртопласирани.



Влогот на овие натпревари е огромен, бидејќи поразените екипи од следната сезона ќе настапуваат во Општинската Б лига, која претставува петти ранг на натпреварување во рамки на општинскиот фудбал во Битола.

Се очекуваат неизвесни и борбени натпревари, во кои секоја грешка може да биде пресудна во битката за место во Општинската А лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!