Турнири

Европски гиганти пристигнуваат во Македонија: Познати и стадионите за Интернационал Мастерс Куп 2026

Сподели
Сподели

Југот на Македонија од 22 до 24 мај ќе биде центар на младинскиот фудбал, откако во Валандово, Дојран и Гевгелија ќе се одржи елитниот Интернационал Мастерс Куп 2026.

На турнирот ќе настапат европски гиганти и реномирани младински академии како Црвена Звезда, Бешикташ, Чукарички, Панатинаикос, Гент, Фенербахче… се само дел од елитата што е потврда дека турнирот уште во своето прво издание добива интернационален и престижен карактер.

Организаторите веќе ги објавија и локациите каде ќе се играат натпреварите по генерации:

  • Во Дојран ќе настапуваат категориите U11 и U12.
  • Во Валандово ќе играат категориите U9 и U10.
  • Во Гевгелија ќе се натпреваруваат категориите U8 и U12.

Стадионите во Валандово, Гевгелија и Дојран се во одлична состојба и подготвени да бидат домаќини на вистински младински фудбалски спектакл.

Организаторите најавуваат врвни услови за игра, професионално судење и силен акцент на фер-плеј и развој на младите фудбалери.

Интересот за турнирот е огромен, а присуството на европски гиганти дополнително ја зголемува возбудата кај љубителите на фудбалот.

Спортска Мрежа – ексклузивен медиумски покровител

Спортскиот портал Спортска Мрежа ќе биде ексклузивен медиумски покровител на турнирот, а дел од натпреварите љубителите на фудбалот ќе можат да ги следат и преку преноси во живо на Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!