ФудбалЧетврта лига

Дрвош го „тресна“ Интер Кукла, Огражден е нов лидер, Илинден го освои Злеово

Сподели
ФОТО: ФК Слога Злеово
Сподели

12-тата рунда од Општинската фудбалска лига во Струмица донесе нов лидер, откако екипата на Дрвош со 0:2 славеше над Интер Кукла, со што фаворитот е симнат на врвот, а сега нов лидер е Огражден кој во Ново Село славеше со 6:2 над Напредок од Радово.

Екипата на Илинден од Добрејци дојде до триумф во Злеово совладувајќи ја Слога со резултат од 1:3.

Натпреварот меѓу Спартмани и Единство ќе се одигра дополнително.

Сега на врвот е Огражден со 25 бодови, Интер Кукла е втор со 23 бодови, а пак Спартмани е трет со 20 бодови, но и со меч помалку. На четвртото место е Слога од Злеово која има 19 бодови, како и Илинден.

Дрвош е шести со 18 бодови на своето конто, тимот на Единство е претпоследен со 6 бодови, но со меч помалку, а на дното е Напредок од Радово со три бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!