Прва лигаФудбал

Младиот и талентиран Игор Ристов ги бележи првите настапи за првиот тим на Брера Струмица!

Сподели
Сподели

Младиот и талентиран фудбалер Игор Ристов ги бележи првите настапи за првиот тим на Брера Струмица.

Ристов кој е член на репрезентацијата на Македонија до 17 години своето деби за првиот тим на Брера Струмица го имаше на натпреварот против шампионот Струга Трим Лум (1:1) откако во игра влезе во самиот финиш на натпреварот и одигра неколку минути, но на натпреварот против Беса на кој Брера славеше со 0:1, радовишанецот на теренот помина 67 минути.

Овие се првите два натпревари за Ристов во Првата македонска фудбалска лига, откако претходно запиша два настапи во младинската Лига на шампиони, во квалификацискиот двомеч со Сарајево од БиХ.

Пред Ристов повеќе од јасно е дека ќе следува светла фудбалска иднина, тој е член на Брера Струмица од 2019 година, откако претходно беше дел од Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!