Продолжуваат пријавувањата за учество на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“, за кој и годинава има голем интерес за учество, а веќе екипите се пријавуваат и тоа укажува дека годинава ќе има силна конкуренција за да се стигне до првата позиција односно да се освои турнирот.
Минатата година салата беше исполнета до последното седиште, екипи имаат поддршка од свои навивачи, а речиси секој натпревар имате тежок карактер за следна фаза и чекор поблиску до финалето.
Турнирот се игра во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, а сите кои сакаат да учествуваат на турнирот може да се пријават кај Јовче Богданоски на 077 671 565 (viber), како и кај Дејан Маслинковски на 078 898 383.
Спортска Мрежа и годинава ќе биде медиумски покровител, со што ќе имате можност да ја проследите атмосферата преку видеа и фотографии, а секоја вечер ќе има детални извештаи за натпреварите. Ваквата медиумска поддршка и важна за екипите бидејќи екипите имаат можност за дополнителна промоција.