Познати се групите за сите генерации на „Интернационалниот Мастерс Куп“, кој од 22 до 24 мај ќе се одржува во Валандово, Дојран и Гевгелија.
Во секоја генерација се очекува силна конкуренција, а патот до големото финале нема да биде лесен за ниту една екипа.
Во генерацијата 2014 формирани се четири групи. Три групи ќе бидат составени од по четири екипи, додека во групата Д ќе се натпреваруваат пет екипи.

Во генерацијата 2015, исто така, се очекува голема борба за пласман понатаму. Формирани се четири групи, а во секоја од нив ќе има по пет екипи.

Кај генерацијата 2016 ќе има четири групи со по четири екипи, а ист формат ќе биде применет и во генерацијата 2017, каде исто така се формирани четири групи со по четири тима.


Во генерацијата 2018 ќе има две групи со по пет екипи, каде се очекуваат интересни и неизвесни натпревари во битката за пласман во завршницата на турнирот.

„Интернационалниот Мастерс Куп“ и оваа година ќе донесе многу фудбалски возбудувања, талентирани млади фудбалери и натпревари исполнети со голема борбеност и спортски дух.
Натпреварите во живо ќе можете да ги следите на YouTube каналот Спортска Мрежа Podcast, покрај натпреварите во живо, ќе има интервјуа и изјави од тренери и фудбалери.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
Денес се играат сите натпревари од претпоследното 29. коло на Втората македонска фудбалска лига. Преносите од натпревари се овозможи од Фудбалската федерација на...
Продолжуваат пријавувањата за учество на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“, за кој и годинава има голем интерес за учество, а веќе...
Продолжуваат пријавувањата за учество на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“,...
Организаторите на Охрид Куп ги претставија првите екипи кои доаѓаат на првото...
Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...
Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...