Прва лигаФудбал

Качевски ќе суди во Кавадарци, Грујоски делегиран за Башкими – Македонија ЃП

Сподели
Сподели

Со три натпревари кои се играат утре од 16 часот ќе биде комплетирано 32. коло во Првата македонска фудбалска лига, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјални лица за трите средби.

Дуелот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Пелистер, ќе го суди Јован Качевски. Негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Горан Балески, додека четврти судија е Фатмир Бафто. Во ВАР-собата ќе бидат Пларент Салихи како ВАР, Вјолца Изеири како АВАР и Виктор Васев е делегат за повторување на снимката. Делегат на натпреварот е Никола Мицановски, а контролор Бранко Манојлоски.

Башкими ќе ја пречека Македонија ЃП во Гостивар, а за главен судија е назначен Александар Грујоски, а покрај него ќе бидат Дарко Видиниќ и Бранко Путилин како помошници. Фуркан Идризи е четврти судија, додека во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими, Гоце Петрески, а оператор за повторување на снимката ќе биде Жарко Пејковски. Делегат на средбата е Благојче Ангелевски, а контролор Илир Сеља.

Шкупи ќе игра против Работнички, главен арбитар ќе биде Ндерим Тефику. Негови асистенти ќе бидат Мартин Дејаноски и Имран Абази, а Марјан Дејаноски е назначен за четврти судија. Во ВАР-собата ќе бидат Стојанче Стојанов, Тоше Ицев, а оператор за повторување на снимката ќе биде Матеј Димитриевски, додека делегат на натпреварот е Дритан Бакали. Контролор на судењето ќе биде Дејан Неделкоски.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!